Група од девет жени кои доаѓат од седум региони, северноамериканскиот, европскиот, пацифичкиот, азијскиот, латиноамериканскиот и блискоисточниот регион, заедно располагаат со неверојатни 114,6 милијарди долари.
Според листата која што ја направи специјализираната компанија „Velt-X“, на првото место е Кристи Волтон (59), вдовицата на Џон Т.Волтон, инаку син на основачот на американската компанија „Волмарт“.
Нејзиното богатство се проценува на дури 39,9 милијарди долари, а „Форбс“ во 2013 година ја прогласи за шестто најбогато лице во САД. Нејзиното богатство потекнува од акциите кои што ги има во „Волмарт“, но и во компанијата „Ferst solar“. Ианку таа веќе седум пати се најде на првата позиција на листата на најбогати жени на планетава.
Второто место и припадна на сопственичката на компанијата „Лореал“, Французинката Лилијан Бетенкур (92). Таа благодарение на наследството од татко и Ежен Шулер, основачот на „Лореал“, но и од средства кои ги заработила откако компанијата стана водечка во светот на козметиката поседува 31,3 милијарди долари.
Џина Рајнхарт од Австралија е најбогатата жена во пацифичкиот регион, но и во светот, а во еден момент според вредноста на својот имот се приближи и до првопласираната Кристи Волтон.
Сепак нејзиното богатство сега се проценува на 14,9 милијарди долари, кои ги наследила благодарение на бизнисот со рудници, кој го започнал нејзиниот татко Ланг Хенкок. Освен што продолжила да работи со наследениот бизнис, таа е и медиумски маг бидејќи стана сопственичка на „Ферфакс медиуми“.
Во групата најбогати жени се најдоа и сестрите Ванеса Паола Слим Хаџ, Марија Соумаја Слим де Ромери и Џоана Слим Ајуб кои што се ќерки на мексиканскиот бизнисмен, инвеститор и милијардер Карлос Слим. Според податоците секоја од нив поседува богатство од по 6,3 милијарди долари.