ФОТО: Овој рудник го открил Александар Македонски – лечи астма


Војската на Александар Македонски уште во 320 година пред нашата ера го пронашла вториот најголем рудник за сол Кевра.rudnik4

Во неговите 40 километри долги тунели скриени се осветлена џамија направена од камена сол, електрична железница и клиника за лечење астма. Кевра се наоѓа јужно од пакистанската престолнина Исламабад, а годишно истиот го посетуваат повеќе од 250 илјади луѓе.

Железницата во рудникот, која била изградена уште во 30-те години на минатиот век и која тогаш ги извлекувала работниците од рудникот, денес служи за да ги пренесува туристите кои се заинтересирани да ги разгледаат необичните структури од сол кои светкаат во различни нијанси на розова и бела боја.rudnik500

Рудникот и денес е најголем извор на сол во Пакистан, токму тука се произведуваат повеќе од 350 000 тони годишно, а ископувањата се вршат на 18 нивоа. Се со цел големиот рудник да не се сруши, само половина од пронајдената сол се ископува.

Експериментална клиника којашто е отворена во рудникот за лечење астма се повеќе привлекува пациенти од целиот свет. Единствениот рудник за сол во светот, кој е поголем од овој во Пакистан, е рудникот Сифто во Канада.rudnik5

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1