Руски војници распоредени во Ерменија денеска уапсија руски војник осомничен за убиство на шест членови на едно семејство, пренесува Танјуг.
Командата на руски граничари во Ерменија соопшти дека еден војник е приведен денеска додека преминувал од Ерменија во Турција.
Според ерменски претставници војникот Валери Пермјаков, кој служел во руска воена база во Ерменија, дезертирал од својата единица, како и дека постои основано сомневање дека тој вчера извршил убиство на шестчлено семејство во градот Гјумри.
Единствен член на семејството, што го преживеа нападот, е шестмесечно бебе.
Во куќата на убиеното семејство се пронајдени калашников и воени обувки со името на осомничениот војник. Русија, која е главен спонзор и сојузник на Ерменија, изрази сочувство и понуди помош во истрагата.