Убиецот на Дијана се предал само затоа што „Алфите“ го убедиле дека е жива


Драмата на покривот од Клиниката за детски болести во Скопје во која 22 -годишниот Никола Кузмановски се заканувал дека ќе се фрли откако ја убил својата пријателка – медицинската сестра Дијана Здравковска траела цели два часа, пренесува Утрински весник.

Припадници на „алфите“ се обидувале на различни начини да го разубедат, да го наговорат да се предаде и да го избегне најлошото. На крајот, успеале во тоа, вешто користејќи ја лагата дека Дијана преживеала, односно дека и’ била направена успешна реанимација, тврдат извори од истрагата.

detska klinika nokj

Драмата започнала во 18 часот кога Кузмановски дошол на договорената средба со својата сосетка. Се качиле во една од потпокривните простории, каде што започнала расправија меѓу нив. Во еден момент, Кузмановски го изгубил разумот и со голи раце ја задавил Здравковска. Таа се струполила на подот. Телото го одвлечкал на покривот. Околу 20 часот, момчето било забележано на работ од покривот. Случајно го видел еден од пациентите на клиниката. Го известил болничкото обезбедување, а тие веднаш се јавиле на телефонскиот број 192. За неколку минути, пристигнале полициските „алфи“. Момчето се заканувало дека ќе скокне, но на полицајците им дозволил да го земат телото на Здравковска и да го однесат на реанимирање во Одделението за интензивна нега. За жал, немало спас за нејзиниот живот.

-Полицајците се обидуваа да го разубедат да не скока, повеќе од два часа траеја разговорите. Се погоди таму да биде и еден полицаец, кој се познава со момчето, бидејќи и двајцата се од Петровец. Тој му рече да не се фрла од зградата, бидејќи жената е жива и реанимацијата поминала успешно. Така се предаде момчето, велат извори од истрагата.

Драмата завршила во 22.35 часот. Кузмановски е приведен, против него е поднесена кривична пријава за убиство, а истражен судија му одреди едномесечен притвор.

Постојат разни шпекулации за односот помеѓу Кузмановски и Здравковска, која била мажена, со осумгодишна ќерка, а второто дете било на пат.

Осомничениот за убиството и несреќната жена живееле на иста улица во скопското село Петровец, пет куќи оддалечени. Соседите го опишуваат Никола како многу мирно момче, спортист, вреден и воспитан. Неодамна бил во Германија, сакал пак да замине таму за да се вработи. Лани бил кум за Божик, годинава го предал кумството, пред само една недела го одбележале Бадник со традиционалниот оган, ништо не укажувало дека нешто му се случува и го вознемирува, дека само по три дена ќе направи нешто што засекогаш ќе му го измени животот, дека ќе зацрни две фамилии.

Kurir.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1