Поради обилните врнежи од дожд дојде до застој во сообраќајот во делови во градот.
Во центарот на Скопје, поточнo на ул. Ленинова или по ново Аминта Трети репортерите на Сител забележаа и паднати дрвја.
Според УХМР, доцна попладнево и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. И во државата се очекува попладне облачноста да се зголеми и најпрво во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Во вечерните часови врнежите ќе се прошират и на останатите делови од земјата.
ФОТО: Сител