ВИДЕО: Се фрлила од 13.кат, паднала врз Мерцедес – мерцедесот крш, таа преживеала


Триесет и едно годишна Русинка скокнала од 13-ти кат од станбена зграда во Москва и паднала врз автомобил „Мерцедес“. На изненадување на лекарите 31-годишната Светлана била свесна кога брзата помош пристигнала и побарала само чаша вода.

– Се враќав од продавница кога слушнав страшен удар зад себе. Се свртев и видов жена која лежеше врз смачканиот автомобил, изјавил очевидецот кој  ја повикал и брзата помош за руските медиуми.rusinka-skoknala

Лекарите кои први пристигнале на местото на настанот изјавиле дека е чудо што девојката била свесна после таков пад. Таа се здобила со повеќе скршеници, но е надвор од животна опасност.

Како што пишуваат тамошните медиуми Светлана се одлучила на ваков чекор поради невозвратена љубов. Нејзиниот долгогодишен љубовник одбил да ја остави сопругата, по што таа решила да се самоубие.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1