ФОТО: Пајтонот стигнува во Скопје за Нова година


Пајтонот стигнува за Нова година во Скопје. Во тек е неговото производство во фирмата „Којалтикс“ од Полска, а за едне месец ќе биде испорачан кај нас. Ќе изгледа како на фотографијата, јавува Курир.

 

Деновиве треба да биде готова и коњушницата што ја градеше Градот, каде што ќе бидат сместени коњите во зоолошката градина, за нив ќе се грижат надворешни лица кои ќе ги обучуваат и вработените.

Овој проект е идеја на градскиот татко Коце Трајановски. Според него пајтонот ќе биде успешна туристичка атракција.

Фирмата „Технометал Вардар“ е избрана како најповолен понудувач за набавка на кочијата, за која се издвоени 14.000 евра, додека целиот проект, односно набавката на коњите и на пајтонот, е субвенционирана од Град Скопје со 40.000 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1