Словенија на шесто место со својата економија во евро зоната


Објавена листата на најздрави економии во евро зоната во Брисел. На првите три места се најдоа Естонија, пред Луксембург и Германија, а високото шесто место го држи Словенија.

На листата, која ја составиле Лисбон Кансил со седиште во Брисел и германската банка Баренберг, Естонија е оценета со 7,4 поени, Лускембург со 7,2, а Германија со седум.

Шестопласираната Словенија добила 6,1 поени, што е 0,5 отсто повеќе од просекот во седумнаесетчлената евро зона.

Словенија е окарактеризирана како динамична економија со висок степен на отпорност на должничката криза која го погодува остатокот од евро зоната и релативно низок јавен долг.

Во извештајот се наведува дека во Словенија е неопходен политички консензус за да може да ги надмине моментните проблеми во поглед на банкарската и фискалната политика што би допринело кон подобрување на општата економска ситуација во земјата.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1