Убавото време ги намами скопјани да излезат и да уживаат. Меѓу нив се најдоа и пензионери кои денеска бесплатно се возат со автобусите на ЈСП, кои се „испотепаа” за да влезат во автобусот кој води кон Милениумскиот Крст. Според фотографиите кои ги испрати читател на Пресс24, автобусот 15 минути стоел на автобуската кај Зелено Пазарче, бидејќи пенизонерите имале жестока расправија. Иако автобусот бил преполн, тие се обиделе да влезат, па настанала кавга. Дел од нив не сакале да се симнат иако вратите на автобусот не можеле да се затворат и секако шоферот не можел да вози во таква состојба.
Повеќе фото на – Прес24