ФОТО: По 30 години се нашле на Фејсбук и се венчале


Интересната љубовна приказна на Менди Ешфорт и Бари Моата добила среќен епилог. 48-годишната Менди и 50-годишниот Бери се поврзале преку Фејсбук по 30 години откако Бери ја прекинал нивната кратка летна романса.

Двајцата се запознале на одмор во 1982 година кога Бери имал 19, а Менди 17 години. Поминале заедно неколку недели и еден ден договориле средба на автобуска станица. Бери не се појавил, а скршена од болка Менди го чекала неколку часа.

mandymoat_27072014_fbВо 2013 година Менди на Фејсбук барала сервис за ввраќање на рибничките јадици и случајно налетала на профилот на Бери и неговиот бизнис со опрема за риболов..

Му испратила покана за пријателство и тогаш повторно почнала нивната љубовна приказна.

Менди и Бери се венчале на 16 јули а на интимната церемонија присуствувале 60 гости, пишува „Дејли меил“.

barriemoat_27072014_fb

– Беше подобро отколку што очекував, венчавка од бајките. Имав голем бел венчален фустан. Тешко е да се поверува дека се најдовме по сите тие години  на разделеност, а сега сме во брак – изјавила Менди и признала дека никогаѓ не прекинала да размилсува за својата прва љубов.

Бери ни денес не знае зошто не се појавил на закажаниот состанок. но драго му е што Менди му се јавила на Фејсбук.

– Немам поим зошто не се најдов со неа, навистина не се сеќавам. Инако не прифаќам покани од жени за пријателство на Фејсбук освен ако немаат врска со мојата работа. Се беше предобро за да биде вистинито. Двајцата знаевме дека ја најдовме вистинската личност само би сакал тоа да го знаев пред 30 години – изјавил Бери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1