Ова се топ 5 најатрактивни дестинации во Македонија


Македонија во последните години сигурно се искачува на листите на топ туристички дестинации, a неодамна се најде и на листата на осумте најпосакувани туристички дестинации, рангирани според една интернет страница, во друштво на Сејшели, Шкотска, Бразил. Како што пишува Лидер, ова се петте најатрактивни и најпосакувани дестинации во Македонија.

ohrid 34Охрид

Балканскиот Еруасалим како што милуваат да го нарекуваат странците има езеро кое важи за едно од најстарите езера во Европа. Има 365 цркви- по една за секој дена од годината.. Стариот дел на Охрид изобилува со шарена архитектура. Едноставно, местото во кое може да се видат најстарите фрески и икони во земјава го прават Охрид најатрактивна и најпосакувана дестинација за странските но и домашните туристи.

Маврово

Чист воздух, чиста вода и пасишта на планината Бистра. Идеална атмосфера за авантура за сите спортисти, екологисти или пак обични луѓе кои сакаат да уживаат во природата на Националниот парк Маврово. А ако сакате да ја видите една од најубавите фолклорни манифестации во Македонија задолжителна е посета на Галичката свадба.  Особеноста на народните обреди во хармонија со раскошните носии во единствениот галички амбиент како и културно уметничките вредности на мијацитеја прават оваа манифестација единствена.

Кавадарци, Тиквешки регион

Одгледувањето на виновата лоза во Македонија има корени уште од Античкото и Римското време. Според историските податоци, лозарството и винарството се присутни во Македонија уште од пред неколку милениуми и се поврзани со култот на плодноста, култот на Дионис, Бахус и Христијанството. За сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за историјата на лозарството, сортите на грозје и процесот на правење на вино, тогаш задолжително треба да ја искусите старата лозарска традиција на Повардарско-тиквешкиот регион каде што географската положба, плодната почва и климатските услови се многу поволни за одгледување на грозје и формирање на уникатни вкусови.

Струмица

Градот на една голема прослава. Струмичкиот карневал кој се одржува секоја година 40 дена пред големиот христијански празник Велигден, се смета дека има многу долга традиција. Тој бил споменат од страна на познатиот отомански патеписец Евлија Челебија кој запишал: „.Дојдов во еден град, расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа писок и песна“..

Столетните букови дрвја над струмичкото село Смоларе кријат едно посебно богатство- Смоларски водопад. Ако го посетите, ќе доживеете незаборавно доживување, затоа што патот до него води низ повеќе села со зачувана македонска традиција Смоларските Водопади како единствени постојани водопади во Македонија, имаат пад на водата со зачудувачки 39,5 метри. Смоларски водопад е совршен и за авантуристички кањонски спорт. Предизвик за љубителите на овој спорт е да се спуштат по должината на водопадот,секако со помош на алпинистичка опрема.

Скопје

Се вели дека Скопје е град на многу култури, но дефинитивно едно од најважните обележја се неговите цркви и манастири. Главниот град е вистински пример каде се измешани традицијата од османлискиот период и модерната инфраструктура. Дестинации кои, секако, треба да се видат во Скопје се познатото Дебар маало, кањонот на Матка како еден од највеличенствените региони во Македонија, потоа највисокиот врв на градот- планината Водно, врвот Крстовар кој се издигнува на 1066 метри како и  Милениумскиот Крст кој е изграден во знак на одбележувањето 2000 години христијанство во Македонија и светот. Места кои мора да се видат се и тврдината Кале, Старата скопска чаршија, манастирот Свети Пантелејмон, Даут-пашиниот амам, црквата Свети Спас, пештерата Врело…

Повеќе на ЛИДЕР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1