ФОТО: По овие деца Македонија трага три години


Три деца се водат како исчезнати на официјалната интернет страна на Министерството за внатрешни работи. По едно девојче и момче родени 2005-та година и момче родено во 2002-та полицијата се уште трага. Сите се исчезнати пред три години и од нив се уште нема ни трага ни глас.

deca-mvr

Она што ги поврзува сите три дечиња е дека се исчезнати во иста година во период од три недели. Две се од Куманово, едно од скопско Средно Коњари.

Многу пати досега се апелирало до сите граѓани кои имаат било каква информација истата да ја пријават. Во моментот на исчезнување две од децата имале 5 години, додека едно момче било на осум годишна возраст.

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на исчезнати деца. Според проценките на Интернационалниот центар за исчезнати и киднапирани деца, секоја година во светот исчезнуваат најмалку осум милиони деца годишно или 22 илјади дневно.

kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1