23 пара близнаци во исто одделение (Видео)


Основно училиште во Чикашкиот округ, во Вилмет, може да се пофали дека го држи светскиот рекорд по брјот на близнаци кои одат во исто, петто одделение. Училиштето „Хајкрест“ има дури 23 пара близнаци кои посетуваат петто одделение.

bliznaci

Додека ја читал најновата Гинисова книга на рекорди, Рајан Новосел, кој има брат Лук, помислил дека неговото училиште би можело да го собори светскиот рекорд, бидејќи прочитал дека истиот го држат три училишта со само 16 пара близнаци, од што воопшто не бил импресиониран.

b2-1-b3-1-

Нивниот татко, Мајк, ги контактирал издавачите на Гинисовата книга и им укажал на случајот на училиштето кое го посетуваат неговите синови. Издавачот потоа барал извод на родените и потврда за уписот на училиште на 46 ученици, како и нивна заедничка фотографија. Во петто одделение во ова училиште одат 470 ученици, што значи дека 10 проценти од нив се близнаци, со тоа што само два од 23 пара се идентични.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1