Неколку илјади луѓе се собраа на Новите гробишта во Белград за последен пат да го испратат славниот актер Драган Николиќ на вечно почивање.Како што јавуваат српските медиуми, редица граѓани чекаа да влезат во капелата да му се поклонат и да се простат од великанот Николиќ кој ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани.Драган Гага Николиќ почина по долга и тешка болест на 11 март во 73-тата година од животот. Оствари над 100 улоги, без кои не би можела да се замисли српската филмска и театарска уметност.