Тројца мигранти од Авганистан рано изутрината околу 3 часот и 30 минути се удавија во надојдената вода на Сува река, откако илегално ја поминале македонско-грчката граница во близина на селото Моин, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Фото: Ројтерс
Групата Авганистанци броела 26 членови, од кои останатите се спасени од македонските безбедносни сили што ја контролираат македонско-грчката граница.
Сите тие, според информацијата што ја соопшти раководителот на ПТЦ Гевгелија Зоран Лазаревски, се чувствуваат добро и се сместени во гевгелискиот прифатен центар.










