Настраданите членови на семејството на Радивој Паниќ (54) старешина на Храмот Свети Сава, сопругата Татјана (45), синот Никола (18) и ќерката Сименона (10) погребани се вчера на гробиштата Орловача.
На вечниот пат ги испратија неколку стотина роднини и пријатели меѓу кои беше и српскиот министер за правда Никола Селаковиќ, а опело држеше српскиот патријарх Иринеј со неколку црковни великодостојници.
Патријархот Иринеј рече дека отец Радивој, кој е тешко повреден и се наоѓа во болница се уште не знае дека му загинале и децата во сообраќајната несреќа што се случи во саботата во Македонија.
-Бројното присуство на сите вас сведочи за тоа чие семејство испраќаме. За жал, тој не ја знае целата вистина за трагедијата што ја преживеа. На отец Радивој не му соопштивме дека и децата му настрадаа за да не ја загрозиме неговата здравствена состојба. Мораме да најдеме прилика во наредните денови да му соопштиме, наведе Иринеј.
Тој додаде дека вчера е испратен дел од семејството на исклучителен човек и свештеник, кој е гордост на српската црква.
-Радивој во црквата се вгради себеси и ја носеше во срце, а истото тоа го направи и во својот дом. Сопругата Татјана ги воспитуваше децата. Како тоа го правеше се гледаше по малечката Симеона која со 10 години беше толку врзана за црквата, рече Иринеј.