ФОТО Постар е од неа 25 години и нема едно око, а љубовта им цвета


Клер Дин која се омажила за 25 години постариот Џими на потешкиот начин научила да се носи со критиките од околината, а сега кога заедно имаат син и ја слават петата годишнина од бракот таа тврди дека се посилни од било кога.

Иако 54-годишниот Џими кој е проќелав, буцкаст и нема едно око, и не е баш Бред Пит, тој сепак успеал да ја пронајде својата Анџелина Џоли. Разведениот татко на три деца успеал да ја заведе Клер . Преубавата русокоса имала само 17 години кога се вљубила во пријателот на нејзиниот татко и наспроти тоа што била тинејџерка.PAY-beauty-and-beast

– Го сакам Џими наспроти се. Ме прави среќна. Тоа е се што е важно – изјавила таа.

Се почнало така што Клер првин се дружела со ќерката на Џими, Гема.

– Тоа беше судбина. Еден ден се сретнавме во трговски центар кога ми рече дека родителите и се разведуваат. Се расприкажавме па ме повика на чај во својот дом – вели таа додавајќи дека наместо обичен разговор со чај, се вљубила во нејзиниот татко.

– Го игнорирав фактото што беше стар, проќелав и грд. За мене беше неодолив – изјавила таа.
Клер подоцна толку интензивно се дружела со Гема што практично станала дел од нивното семејство. Клер признава дека не сакала да се залудува со идејата дека Џими некогаш ќе погледне млада девојка како неа. Сепак се се променило една ноќ кога во локалниот паб биле заедно на концерт.claire-and-jimmy-dean-552946

– Пеевме една песна кога Џими ме бакна. Занемев и тоа беше еден магичен момент. Оттогаш сме нераздвојни – вели таа и додава дека никогаш не се чувствувала попријатно во нечие друштво.

По два месеци забавување Клер им признала на своите родители дека е во вркса. Интересно е што родителите ја подржувале, а нејзиниот татко дури бил среќен затоа што неговата ќерка била врска со Џими отколку со некое момче на нејзина возраст „кое ќе ја прави будала“.

Околината не ги прифатила најдобро, и често им се потсмевале дека изгледаат како „Убавицата и ѕверот“ и дека Клер може да пројде многу подобро.

– Џими во сето тоа ја гледа позитивната страна, а јас сфатив дека се работи за несреќни луѓе кои немаат вистинска љубов како ние двајца – изјавила Клер.

Џими ја запросил Клер во 2006 година по пет години заеднички живот, а се венчале во 2009 година. Првото дете го добиле 2014 година и му дале име Џими Џуниор.

– Знам дека ќе биде тешко кога тој ќе остари, но не сум глупава, се разбира дека сум подготвена да се грижам за него. Го сакам најмногу на светот. Многумина говорат дека Џими е среќник што ме нашол мене , но јас мислам дека сум среќна што сум успеала да си ја најдам сродната душа –заклучува Клер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1