После долги години ја открила тајната на сопругот, а со својата реакција ги запрепастила сите


Кога наставничката Кетрин Хигинсон (45) случајно открила дека нејзиниот сопруг Џејмс (42) инсталирал апликација на нејзиниот мобилен, која му овозможува да го следи нејзиното движење, да ги чита нејзините пораки и слуша нејзините разговори, не посакала да побара развод, како што ја советувале пријателите.

Наместо тоа, оваа мајка на две деца од Доркинг, Велика Британија, вели дека на тој начин се чувствува сакано и сигурно, пренесува Mirror.zena maz

Кетрин и Џејмс Хугинсон се во брак веќе 10 години и Кетрин сакала да истакнува дека меѓу нив нема тајни. Сепак, се испоставило дека постои голема тајна, а Кетрин ја открила сосема случајно.

„Минатата година, предавав во една зграда во училиштето која немаше пристап до мобилна мрежа, што значеше дека сум ја пропуштила СМС пораката од банка со активациски код за завршување на важна финансиска трансакција. Кога се вратив дома, му се извинив на Џејмс, а тој веднаш ми одговори да не се грижам, затоа што се погрижил тој за се“, раскажува Кетрин.

„Кога го погледнав, збунета, тој продолжи и рече: ’Успеав да ти влезам во мобилниот и да го лоцирам кодот за трансакцијата’, а после тоа лежерно додаде дека ’не мора да сум дома за да ги прочита моите СМС пораки’“, продолжува Кетрин со својата приказна.

„Од тие студени зборови ме полазија морници. Разменивме неколку налутени зборови и ми требаше долго време за да се смирам“, вели Кетрин.

Но, сепак таа застанала во одбрана на својот сопруг и додала дека тој всушност не е лигавец и склон кон демнење. Џејмс е самовработен web developer, па така и „tech geek” и според мислењето на Кетрин, веројатно е повеќе во чекор со новите технологии од тајните служби.

Клучното сега следи, затоа што Кетрин објаснува дека Џејмс ги котролирал сите геџети во домот, па така и мобилните телефони.

„Кога го напишав сето тоа во статус на Фејсбук, моите пријатели беа шокирани. Дури и блиските пријателки ми рекоа дека тоа е бизарно и не е во ред.Но, јас секогаш возвраќав со аргументот дека тоа зависи од степенот на доверба кој го имате во бракот“, заклучува Кетрин.

Tocka

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1