(ФОТО) Потпишан договорот – Заев: Се осмеливме, затоа што сакаме македонски успеси


Македонскиот премиер Зоран Заев нагласи денеска по потпишувањето на Договорот со Грција за решавање на спорот за името, дека државата е горда што одбрала решение што обединува. ­

– Денес ставаме крај на еден спор. Ставаме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите…Ова е свечен чин и израз на посветеноста да се најде решение што е во интерес на иднината и на граѓаните на двете држави – нагласи премиерот Заев.

Со Договорот што е потпишан денеска „се создава шанса и тоа е историска можност за засилена соработка, посилни економски врски и повисок раст и развој“. Според него, од изолација или самоизолација, ниту Македонија ниту Грција немале полза.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1