ФОТО Потресен дневник на девојката која почина од анорексија


На 19-годишната Лоредана Верта која почина од анорексија во 2009 година и било дијагностицирано нарушување во исхраната кога имала 16 години, со тоа се борела цели три години, а потоа почнале да и откажуваат органите.

Пет години по нејзината смрт, нејзината мајка со светот го сподели дневникот на Лоредана, со цел да им помогне на девојките во борбата со анорексијата која зема голем замав кај тинејџерките.

article-2713000-202CA1EF00000578-703_306x423article-2713000-202CA27300000578-338_306x423
– Го мразам својот живот, своето тело, сакам да бидам слаба – напишала тинејџерката во својот потресен дневник.
По заболувањето на црниот дроб Лоредана во 2009 година починала од срцев удар, а нејзината мајка Ана неодамна го покажа нејзиниот дневник за да им помогне на луѓето да ја разберат оваа подмолна болест.

Борбата на Лоредана со анорексијата започнала кога имала 16 години, набргу откако се запишала во училиште за танц. Според зборвите на нејзината мајка, таа еден ден дошла од тренинг премногу вознемирена.article-2713000-202CA25F00000578-69_634x576
– Таа кажа дека девојките од нејзината група се многу послаби од неа. Во тоа време таа беше убава и витка. Сакаше да ужива и да јаде со своето семејство. Инсистирав на тоа дека е премногу убава но таа само негодуваше со главата. Сите девојки во еден момент имаат проблеми со самодовербата, но јас се надевав дека таа ќе се избори со тоа. Почна да јаде многу мали порции за време на оброците – изјавила очајната мајка за „Дејли меил“.

Во тоа време не можела да разбере како нејзината ќерка ја изгубила контролата врз своето тело и зошто и покрај целата грижа на семејството таа се чувствувала лошо.article-2713000-202D17FB00000578-133_634x715
– Сега гледајќи низ нејзините очи ја сфатив нејзината борба. Сакам другите девојки да го читаат ова и да се препознаат себе си во неа – вели мајката Ана Верта.

Лоредана во еден момент признала дека и треба помош и напишала во својот дневник: „Боже ми треба помош. Се плашам дека навистина ми е потребна помош. Нема сила ниту да плачам. Се мразам себе си и својот живот“.article-2713000-202CA0B300000578-219_634x542

– Анорексијата ја окупираше секоја нејзина мисла, целото нејзино битите. Не знаеше дека анорексијата е смртоносна болест, убиец. Ако нејзиниот дневник им помогне на другите сум направила нешто добро – изјавила Ана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1