ФОТО: Потресна исповед на мајката чии три деца живи изгореа во пожар


Секоја ноќ му се молам на Бога никогаш повеќе да не се разбудам и да одам кај моите деца. Животот повеќе не е за мене! Со овие зборови, скршена од тага, го почнува разговорот Мирела Микулчиќ од Велика Крсна кај Младеновац, чии деца Ненад (4), Димитрије (3) и Маја (2) настрадаа во страотен пожар на 17 декември минатата година.mirela500

Од тогаш Мирела има само една цел, а тоа е над пепелта од изгорената куќа да направи мала капела.

-Секоја ноќ ги сонувам како стојат на прагот, а најстариот Ненад ме прашува: Мајко, ќе си дојдеш ли дома? јас морам да се вратам овде, овде се ме врзува за нив, а немам каде. Се радував кога ја купивме куќата преку Канцеларијата за бегалци, сметав дека така имаме покрив над главата, а не како што јас морав, кога побегнавме од Хрватска, со родителите да се селам од куќа до куќа, вели Мирела за српски Курир.

Таа истакнала дека преку ден работела по нивите, а ноќе во кафеана и дека не се срамела од тоа, бидејќи го правела за нејзините деца.

-Кога бев на работа, плаќав жена од соседството кој ми ги чуваше бидејќи таткото не се грижеше за сопствените деца… И сега ме боли кога ме осудуваат оние кои не знаат низ што поминав и низ што поминувам сега. Никој не знае како е во мојата душа, рекла Мирела.

izgorenite500

Неутешната мајка вели дека имала тројца ангели.

-Не се знаеше кој од кого беше попаметен. Бевме сами, но се боревме и договаравме. Велат: “Ги заклучи и си отиде“. Точно е, но јас со децата се договарав… Се случуваше да отрчам до продавница, но пред тоа се договаравме да не фаќаат ништо и да ме чекаат. Така правевме. Беа паметни и разумни, а посебно најстариот Ненад. Верувајте, поинаку не можевме, вели Мирела и додава дека и други родители ги оставаат своите деца понекогаш на кратко.

Таа додава дека доколку би знаела што ќе се случи никогаш не би излегла од дома.izgorenite-deca500

Прашања без одговор

Таа истакнува дека од кобната ноќ има многу прашања на кои не може да најде одговор.

-Таа ноќ спиеја. Само Ненад малку се вртеше. Му реков дека брзо ќе се вратам. Лежеа во дневната соба, а ги најдоа во друга. Не ми е јасно зошто Ненад не го отворил прозорецот и излегол кога знаеше да го отвори секогаш кога шпоретот малку ќе зачади. Знаеја и да излезат низ прозорецот, многу пати ме чекаа на тераса. Срцето ми се кине кога ќе помислам дека живи изгореа, раскажува Мирела.

Нашла нога во пепелта

Мирела вели дека по трагедијата доживувалa шок по шок.

-Од погребот ме однесоа во полиција и ми одредија притвор. Недела дена ми даваа некои таблети од кои главно спиев, а кога бев будна не престанував да плачам. Кога ме пуштија во пепелта го пронајдов стапалото ан Димитрије! Го држев ножето во раце и го слушнав соседот како вика: “Дојде да види дали децата и пораснале! На гробишпта ми рекоа дека може да ми дадат само копач и лопата… Никој не можеше да претпостави како ми беше кога копав дупка во гробот за на детето да му ја закопам и ногата, вели Мирела.

Таа на 1-ви октомври влегува во судница и ќе и се суди за предизвикување на општа опасност со тешки последици за што би можела да добие 8 години затвор.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1