Пожар избувнал во стан во зградата на булеварот „Октомвриска револуција“.
Според информациите од полицијата, случаен минувач го пријавил пожарот утринава околу 9 часот, а истиот избувнал во стан на 10 кат, јавува Курир.
Противпожарни и полициски екипи се на терен.
Според сликата оттаму, пожарот е локализиран, но засега нема информации за евентуално повредени лица, како и за причините за избувнување на истиот.