ФОТО: Позната атерка пронајдена мртва во резервоар за вода


Кармен Јарира Нориега Еспарза исчезнала пред една година, а семејството и пријателите верувале дека таа е киднапирана и продадена во „бело робје“.

3kar.jpg500

Мексиканската актерка Кармен Јарира Нориега Еспарза е пронајдена мртва една година подоцна откако е пријавена за исчезната. Телото на несреќната девојка е пронајдено во резервоар за вода во станбениот објект во кој живеела.

Кармен исчезнала во февруари, минатата година, а последен пат е видена како ја напушта теретаната каде вежбала. Како што е наведено, телото е пронајдено во резервоар за вода, а соседите тоа го навеле откако забележале дека пијат вода со чуден вкус.1kar.jpg500

За убиството на актерката, осомничено е нејзиното поранешно момче, кој ја подмирувал киријата за станот во кој таа живеела.

Кармен важела за амбициозна личност, која мечтаела за филмска кариера, а исто така се занимавала со психологија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1