Вака умреле 13-те најголеми диктатори во историјата


Метју Вајт е авторот на книгата „Голема книга за грозни нешта: конечна хроника за најголемите сто злосторства во историјата“ каде пишува и за тоа дека многу диктатори дочекуваат длабока старост.

Ова се 13-те диктатори и приказните за нивните последни денови на земјата.

Бенито Мусолини (1883-1945)

30012013192029_benito musolini

Мусолини во јули 1943 година бил уапсен и затворен во хотелот „Кампо императоре“. Таму останал до септември кога го ослободиле Германците. Прво го одвеле во Германија, а потоа во Ломбардија. Меѓутоа, во 1945 година самиот почувствувал дека му се ближи крајот и во едно интервју рекол: „Пред седум години бев интересно лице. Денесе сум трупец“.

Само неколку месеци подоцна бил убиен при бегство од Италија со љубовницата Клара Петачи. Го убиле партизаните, а нивните тела биле обесени на миланскиот плоштад „Пиацале Лорето“. Минувачите плукале по нивните тела и ги гаѓале со камења.

Сталин (1878-1953)

Stalin star

За време на неговото владеење, според официјални податоци, три милиони луѓе умреле во логори или биле убиени, но неофицијалните податоци на модерните историчари зборуваат дека тој број е од 15 до 20 милиони. Сталин имал 73 години кога умрел.

По вечерата и филмот на 1 март во 1953 година отишол да спие и повеќе никогаш не се разбудил. Неговите чувари не се осудувале цел ден да влезат во неговата соба бидејќи имале наредба да не му пречат. Навечер околу 11 часот собрале храброст и влегле во собата.
Го нашле на подот како лежи во сопствената урина откако добил мозочен удар и сѐ уште бил жив. Часот кога се срушил на подот покажувал 6.30 наутро кога најверојатно добил удар. Се мачел следните пет дена додека конечно не умрел.

Адолф Хитлер (1889-1945)

adolf-hitler-1379022482-365405

Хитлер е редок исклучок од правилата, диктаторите да дочекаат длабока старост. Последните денови од Втората светска војна, со своите соработници се затворил во бункер под седиштето на својот кабинет на Рајна. Во бункерот секојдневно стигнувале лоши вести и Хитлер почнал да ја планира својата смрт. Слушнал за смртта на Мусолини и како плукале по неговото тело, па наредил кога ќе умре да биде запален. Се оженил со својата љубовница Ева Браун и порачал капсули со цијанид чија ефикасност ја тестирал на кучето кое припаѓало на децата на Гебелс.

На 30 април Ева Браун го испила цијанидот, а Хитлер се застрелал. Телата им се запалени пред бункерот, но оганот не траел долго. Кога руската војска ги идентификувала телата, ги уништиле до крај, за гробот на Хитлер да не стане собиралиште на неговите поддржувачи.

Франко (1892-1975)

franko

Франко владеел со Шпанија сѐ до смртта. Во неговите доцни 70 години здравјето почнало нагло да му се влошува и долго се борел до Паркинсонова болест. На 30 октомври во 1975 година паднал во кома и еден месец во живот го одржувале апарати, додека не умрел на 82-годишна возраст.

Мао Ѕедунг (1893-1976)

mao cetung

Мао Ѕедунг живеел до 82 година и со години пред смртта имал проблеми со здравјето. Од што точно боледувал не е познато, но најверојатно имал Лоу-Геригова болест, која го напаѓа нервниот систем. На 2 септември во 1976 година добил срцев удар, само неколку дена подоцна воспаление на белите дробови. На 7 септември паднал во кома од која никогаш не се разбудил. Лекарите го симнале од апарати на 9 септември.

Франсоа Папа Др Дувалие (1907-1971)

fransoa papa

Откако дошол на власт Дувалие вовел тортура над политичките дисиденти и наредил убиство на сите кои му стоеле на патот. Практикувал вуду, па повремено гатал над исечените глави на своите жртви. Имал дијабетес и проблеми со срцето и болеста на крај го убила.

Ким Ил Сунг (1912-1994)

kim il sung

Ким Ил Сунг бил прв лидер на Северна Кореја и веднаш воспоставил своја наследна династија, па така денес на власт е неговиот внук. Од Северна Кореја создал најизолирана земја на светот, а кон крајот на 80-тите години добил тумор на вратот кој бил многу видлив. Но, починал од срцев удар.

Аугусто Пиноче (1915-2006)

pinoce

Неговиот режим убил илјадници граѓани, но наспроти тоа мирно се повлекол од власта во 1990 година. Дури во 1998 година бил ставен во домашен притвор во Велика Британија каде што живеел. По две години се вратил во Чиле поради здравствени причини вклучувајќи деменција.
Само по два месеца откако бил обвинет за 36 киднапирања, 23 случаи на мачења и едно убиство, добил срцев удар. Умрел опкружен со своето семејство на интензивна нега и никогаш не бил осуден поради своите злосторства.

Николај Чаушеску (1918-1989)

causesku

Последниот комунистички лидер на Романија бил погубен со сопругата Елена на Божик во 1989 година. Пред четири дена на гневната маса се обидел да одржи говор, но бил исвиркан. По еден ден со сопругата побегнал со хеликоптер, но војската набрзо го привела и веднаш го одвела на судење.

Двајцата биле осудени на смрт поради геноцид и корупција. Иако обично се чека десет дена до извршување на пресудата, на погубените веднаш се спровело стрелање. Биле убиени од стрелачки вод. Еден војник од водот подоцна раскажал дека Чаушеску почнал да плаче кога војниците ги кренале пушките.

Иди Амин (1925-2003)

idi amin

Иди Амин дошол на власт по воениот удар во 1971 година и стотици илјади луѓе умреле во Уганда под негова власт. Бил симнат од власт по осум години и добил азил во Саудиска Арабија каде што со години лагодно живеел.
Во 2003 година му откажале бубрезите и паднал во кома. Умрел во август, а медиумите како причина за смртта ја навеле неговата дебелина. Медиумите пишувале дека Амин бил тежок 220 килограми, но никој тоа не можел да го потврди ниту да го демантира.

Садам Хусеин (1937-2006)

slike-zanimljivosti-6-sadamov_dvojnik_731303218

Садам Хусеин ја загубил власта по американските напади на Ирак во 2003 година, а војската го нашла како се крие во дупка близу својот роден град. Бил уапсен во 2006 година иосуден на смрт поради убиство на 148 Ирачани во 1982 година, масакр кој го наредил како одговор на обидот на атентат врз него. Неговото тело е закопано во Ал-Авји каде што е роден.

Муамер Гадафи (1942-2011)

gadafijev-rezim-se-ljulja-muamer-el-gadafi-protesti-u-libiji-1338819328-71308

Гадафи бил на власт од 1969 до 2011 година, кога пред бунтовниците побегнал од Триполи. Со месеци не се знаело каде се наоѓа, а подоцна се открило дека времето го поминува во бункер во Сирта со тесен круг на на лојалните соработници.

По падот на Сирта на 20 октомври се обидел да побегне во конвој, но силите на НАТО го нападнале. Гадафи се сокрил во една водоводна цевка, во која го пронашле либиските сили.

Потоа следело негово брутално убиство. На интернет се појавија снимки од мобилен телефон на која се гледа дека Гадафи жив и крвав го влечеле и тепале по улица. Попатно го боделе со ножеви и бајонети. Во еден момент му пукале во глава, а неговото тело со денови било изложено во фрижидер во Мисрати.

Ким Јонг-Ил (1942-2011)

kim jong il

Како својот татко Ким Ил-Сунг, Ким Јонг-Ил со години владеел пред да добие срцев удар. За време на неговото владеење илјадници луѓе во Северна Кореја умреле од глад. Ким Јонг-Ил добил срцев удар додека патувал со воз, а претходно претрпел мозочен удар. Неговиот култ на личноста се покажал во полно светло по неговата смрт.

Државните медиуми известиле дека небото над светото место Паекта станало црвено во моментот на неговата смрт. Исто така, известиле дека мразот на езерото Чон во моментот на неговата смрт напукнал толку силно што се слушнало и на небото и на земјата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1