Ајрланд Болдвин, ќерка на актерската двојка Ким Бесинџер и Алек Болдвин пред неколку дена била претепана во близина на својот дом во Малибу, пренеусва „Дејли меил“.
19-годишната Ајрланд била снимена додека се шетала со своето ново момче Џон Косико, меѓутоа вниманието на медиумите го привлекло нејзиното лице прекирено со модринки.
Ќерката на Ким Бесинџер (61) и Алек Болдвин (57), која од април оваа година се наоѓа во еден центар за рехабилитација поради „емотивни трауми“, во понеделникот била нападната од тројца мажи, изјавил изворот за „Дејли меил“.
Изворот открил дека Ајрланд веќе неколку дена трпела малтретирање од страна на непоизнати мажи.
– Пред една недела една група на мажи со автомобил ја следеле Ајрланд. Таа се вратила во центарот за рехабилитација и побарала од обезбедувањето да интервенира и да ја заштитат од вознемирување – изјавил изворот. Меѓутоа, нападот, сепак се случил.
Ајрланд во центарот за одвикнување од алкохол и дроги отишла откако ја раскинала врската со раперката Ејнџел Хејз, за да закрепне од емоционалните трауми, а тука го запознала и своето ново момче.