ФОТО: Преживеала со пресечен грклан, сега мора да комуницира со насилникот во затвор


Англичанката Натали Алман пред три години поминала низ вистински пекол кога нејзиното момче, татко на нејзините два сина, брутално ја претепал и се обидел да и го пресече гркланот. Седумчасовното малтретирање на оваа жена го гледале нејзините деца.natali-altman-foto-twitter-1424206388-617886

Нејзиниот партнер Џејсон Хагс, осуден е на 9 години затвор поради тортура над својата девојка која сега добила неверојатна задача да комуницира со него за и таа да не се најде зад решетки.

-Живеевме одвоено неколку недели, но тој сепак остана дома додека да најде нов стан. Дозна дека се гледам со друг маж и една ноќ ме нападна. Ме разбудија удари, а тој клечеше над мене и со ремен ме удираше со сета сила, повторно и повторно. Крв имаше на сите страни, но тоа не го предомисли да престане, раскажа потресената Натали за магазинот Базфид.pismonasilnik

Меѓутоа по налог на судот добила обврска три пати годишно да му пишува писма и да испраќа фотографии од синовите, за да отиде и таа во затвор. На Џејсон од друга страна му е дозволено на близанците да им испраќа честитки за роденден, Божиќ и Нова година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1