Првиот од шесте кинески возови денеска пристигна во Македонија, објави „Фактор.мк“. Новите возови чинат 25 милиони евра, а ги произведува кинеската компанија „CSR Corporation Ltd”.
Новите возови ќе бидат климитизирани, опремени со вакум тоалети, ќе имаат мерки за енергета ефикасност и безбедносни стандарди.
Кинеската електромоторна гарнитура во наредните месеци е предвидено да се тестира на пругата од Табановце до Гевгелија, машиновозачите да се обучат за нејзино управување, додека железничкиот сервисен персонал треба да стекне знаења за нејзино одржување.
Порталот Прес24 објави видео од пристигнувањето на првиот ултрамодерен воз кој пристигна во Македонија.