Американка откако ја отворила кесичката со замрзнат спанаќ пронашла откината глава од стаорец во неа. Тери Повис купила спанаќ со намера да направи вечера од него и да го сервира со пилешко месо, но била шокирана кога наишла на глава од стаорец со големина на палецот, пренесува „Дејли стар“..
– Не ми беше воопшто јасно за што станува збор, и не можев да поверувам дека станува збор за стаорец. Го чепкав неколку минути бидејќи не бев сигурна во што гледам. А кога сфатив бев ужасната – раскажала Тери за американските медиуми.
Американката изјавила дека остатоците од глодарот изгледале многу свежи.
– Главата му беше малку згмечена, но недопрена. Мора да бил замрзат не долго откако главата му била откината – изјавил таа.
Таа се пожаила во фирмата каде што се пакува спанаќот и добила само извинување. Меѓутоа Тери смета дека таму не ја сфатиле сериозно.
– Начинот на кој се однесуваа кон мене како да говореше дека тоа им се случува секој ден. Ми рекоа дека им е жал а спанаќот го вратија во продавницата – се пожалила несреќната жена.