ФОТО Пропадна венчавката на злогласниот Чарлс Менсон: Свршеницата го сакала само поради телото, но мртов!


Сатанистот – масовниот убиец Чарлс Менсон (80), сепaк, нема да се ожени бидејќи сфатил дека неговата свршеница Ефтон Илејн Бартон (27) не сака да се омажи за него од љубов, туку од корист – планирала по неговата смрт да заработува од прикажувањето на неговиот труп, тврди новинарот Даниел Симоне.menson-youtube_620x0-564x309
Наводно Ефтон, која се претставува како Стар, со пријателите смислила план да го балсамира трупот на Менсон и да го изложи во стаклен саркофаг. Сакале да направат мавзолеј по примерот на Лениновиот во Москва и да наплатуваат влезници за разгледување на остатоците од еден од најпознатите убијци на светот. Carls-Menson-830x553-564x272 Меѓутоа, планот им се изјаловил кога Менсон дознал за него.

– Конечно сфати дека го прават будала – раскажал Симoнe за „Њујорк пост“. Освен тоа, Менсон верува дека е бесмртен, што дополнително го искомплицирал и онака мошне неверојатниот план на Стар.

– Тој мисли дека никогаш нема да умре и смета дека целата идеја била мошне глупава – објаснува Симоне.

Менсон и Стар добиле дозвола за склопување на бракот, но таа истече минатиот четврток. Симоне се сомнева дека Менсон не ни имал намера да се ожени, туку само да ја искористува девојката да му носи храна, тоалетна хартија и други потребни работи кои му го олеснуваат издржувањето на доживотната казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1