Автомобил вчера пропадна во дупка на автопатот Велес-Скопје. Возачот на возилото фолксваген сакал да ја помине колоната, движејќи се по затворената лента од автопатот.
Но неговиот обид да стигне побрзо се претворил во трагедија. Несреќата се случила пред два часа пред мостот после Велешката патарина.
Нема информација за евентуално повредени патници во пропаднатото возило.