ФОТО: Проститутката на која Берлускони и го уништи животот, спрема одмазда


Ќе се снима филм за нивната врска…

Поранешната проститутка Патриција Дадарио (42), една од учесничките во секс-скандалот во кој беше вмешан поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони, пред судот изјавила во Бари дека планира да сними филм за нивната врска.patricija

– Ќе снимам филм за своите искуства врз основа на она што навистина се случи. Ми го уништи животот, сега треба да се извиниш и да ја кажеш вистината за нашата врска, рекла таа.

Имено, во центарот на вниманието на оваа постапка е бизнисменот Џанпаоло Тарантини, кој е обвинет за подведување проститутки на Берлускони во 2009 година.

 

Бројката на жени кои ги забавувале политичарите била околу 26.

Во Италија подведувањето на проститутки е забрането, но плаќањето на нивните услуги не е.

Од друга страна, Дадарио тврди дека никогаш не добила пари за сексуалните услуги од Берлускони и дека тој знаел дека е проститутка кога ја однел во кревет. Берлускони тоа го негирал.

 

– За разлика од тие девојки, кои се вистински проститутки и на кои Берлускони секој пат им плаќаше и кои кон него се однесуваа како кон автомат за пари, никогаш не зедов пари, ниту барав каква било услуга, изјавила Дадарио пред судот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1