Полицијата во Флорида трага по необичен провалник кој провалил во комплекс со станови, влегол во неколку стана и вознемирувал жени.
Провалникот провалувал, влегувал во спалната соба, легнувал на креветот до жените и започнувал вообичаен разговор, како да се запознаваат на улица.
Жртвите велат не ги повредил, не украл ништо, но тие се исплашени да не се појави повторно и да биде насилен следниот пат.
Провлникот ги имал на мета апартманите близу Semoran Boulevard и Curry Ford Road во Орландо, како и Dovetail Villas комплексот.
Првата жртва на провалникот муабетџија била 19 годишна бремена девојка. Ја разбудил во 5 часот наутро. Кога влегол таа спиела, па ја потчукнал неколкупати за да се разбуди.
,,Здраво, се разбуди? Немој да зборуваш, немој да викаш,, и рекол провалникот кога девојката сфатила дека некој лежи до неа во нејзиниот кревет. Носел црна маица, но не бил насилен.
Во овој стан провалникот си влегол директно во собата на девојката и покрај тоа што во тој момент во станот имало уште три машки лица кои спиеле во своите соби.
Девојката престрашена го замолила да си оди – ја послушал и си заминал.
Полицијата изработила фото робот по описот на жртвите – и ги закачила низ целиот град за да ги предупреди жените да бидат претпазливи.