ФОТО: Првата македонска дама-пилот – ќе лета со полициски хеликоптер


Можноста да бидам прва девојка-полициски пилот во Македонија за мене беше голема мотивација и уште поголем предизвик успешно да ја завршам обуката. Ова го изјавила Весна Петреска (25), првата жена пилот  на полициски хеликоптер, пишува Дневник.pilot2

Таа е од Кавадарци, дипломиран студент на Факултет за безбедност, која по завршувањето на 18- месечната обука ќе биде првата дама-пилот на полициски хеликоптер во Македонија. Петреска е единствената од пријавените 59 жени кои ја поминаа селекцијата на конкурсот за ангажирање нови полициски пилоти за потребите на Министерството за внатрешни работи. Во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец од вчера 14 кадети од новата генерација слушатели од родот авијација ја почнаа 18-месечната обука во согласност со највисоките стандарди за потребите на МВР.

Еден од кандидатите е од Црна Гора.

– Желбата беше огромна, а успехот бара упорност и посветеност на задачите и работата што се бараат. Сакам да се заблагодарам за можноста што ни ја дадоа МВР и Тренинг-центарот и да ги охрабрам сите оние што сакаат да бидат пилоти, пред се’, девојките бидејќи нема никакви ограничувања, сите сме еднакви и транспарентни во постапката нема поделби меѓу машки и женски и не се работи само за машка професија, изјавила Петреска.pilot1

На конкурсот на МВР за прием на нови извршители во хеликоптерската единица биле пријавени вкупно 466 кандидати. Финалната селекција што почна во јануари ја поминаа 29 мажи од вкупно 407 пријавени. На селекцијата во воздух биле повикани вкупно 34 кандидати, а од нив 5 биле жени. Последната селекција ја поминале 14 кандидати.

Оваа генерација од МВР е првата која во јануари годинава доби можност да конкурира на јавен оглас за вработување на пилоти на полициски хеликоптер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1