На покана на основачот и извршен директор на „Вајбер“ (Viber), Талмон Марко и во организација на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, диџеј Ерик Фокс и Симона Попоска имаа чест да настапат и да ги забавуваат присутните на првата ексклузивна „Вајбер“ забава во Македонија, која се одржа во клубот „Станица 26“ во Скопје.
На забавата која траела до раните унтрински часови присустувале основачот и извршен директор на компанијата Талмон Марко и неговите соработници, директорот за технолошки развој на „Вајбер“, Игал Магазник и Хирато Шинатро од компанијата за он-лајн трговија „Ракутен“.
Извор: Курир