ФОТО Првиот човек во СФРЈ зачнат со ин витро стана татко!


Милош Трајковиќ (28) од Врање е првото југословенско бебе од епрувета. Мајката Славица го донела на свет со вонтелесно оплодување на 27 јуни 1987 година, по 14 години лекување од стерилитет. Бебето кое го чекаше цела Југославија, е родено во Белград, во клиниката „Народен фронт“.

Пред една недела, сопругата на Милош, Марина (25), се породила без никакви проблеми во Врање и го родила сикнот Џорџе. За осумчленото семејство Трајковиќ нема крај на среќата и задоволството.2028416-2-milos-i-sin-dorde

– Имајќи предвид како и по кои патишта сум дошол на свет, морам да признаам дека по малку ми беше страв дали се ќе биде во ред со сопругата и детето. Му благодарам на Господ, се е во најдобар ред – со радосна насмевка раскажува Милош.

Мајката на Милош, Славица, има многу причини да се присети на случувањата од далечната 1987 година.

– Соседите и роднините ме сожалуваа, а кога решив да родам дете на начин кој за сите дотогаш беше табу, луѓето се крстеа. Отидов во Белград и и девет и пол месеци лежев во собата – се присетува Славица.

За неа и за уште четири идни мајки кои прифатиле да родат со ин витро, се грижел посебен тим од четири лекари, од кои едниот е д-р Миленко Пророчиќ, кој една година претходно се вратил од Кембриџ, каде специјализирал вештачко оплодување. Тој еден ден на Славица и ја соопштил веста за која со години сонувала – дека забременила и дека ќе роди бебе.2028431-5-novine-iz-1988

– Не верував во чуда, додека една сабота не го здогледав своето бебе. Таа слика целиот живот ќе ја носам пред очите – сега возбудено раскажува Славица. Таа после 13 месеци потполно нормално добила и второ дете – синот Марко.

Луиза Џон Браун (1978) од Бристол, Англија, е првото дете на светот кое е зачнато со вештачко оплодување (во епрувета). Нејзината мајка Лесли ја родила во Лондон на 25 јули 1978 година. Денес Луиза со сопругот Вилијам има син Камерон (9).

Доктор Роберт Едвардс, кој со д-р Патрик Стептоу е изумител на оваа метода (ин витро), подоцна доби Нобелова награда за медицина. Оттогаш до денес на овој начин во светот се родени околу три милиони бебиња, проценуваат стручњаците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1