Пукотници од огнено оружје вечерва ги вознемирија жителите на скопски Аеродром. Според првичните и засега неофицијални информации пред околу еден час, пред трговкиот центар Капитол најпрво избила тепачка меѓу две групи, во која потоа било употребено и огнено оружје, објави Пресс24.
Според првичните и засега неофицијални информации има повредени лица, но како што дознава Пресс 24 не станува збор за огнострелни рани. Лицето кое што пукало се уште е во бегство.