ФОТО: Путин го предложил Стивен Сигал за посредник меѓу Русија и САД


Рускиот претседател Владимир Путин знаел дека неговите односи со САД се речиси до црвената линија кога се сретнал со Барак Обама на маргините на самитот Г-8 во јуни 2013 година. Рускиот и американскиот претседател никогаш нешто посебно не се сложувале. Кога се сретнале во 2009 година во Русија, Путин го критикувал Обама за се она што Америка го правела во последните две децении против Русија. Упатените тврдат дека Обама во текот на двочасовниот разговор одвај успеал да дојде до зборови.
putin segal
На почетокот на новиот мандат на Путин во 2012 година, односите уште повеќе се заладиле бидејќи првиот човек на Русија одлучил да му контрира на Обама со тоа што не сакал да ја стопира испораката со оружје на режимот на Башар ал Асад.

А тогаш дошло до необичен обрт. Следувал вистински дипломатски шок – Путин го предложил американскиот актер Стивен Сигал како руски почесен конзул за Калифорнија и Аризона и со тоа го промовирал во потенцијален посредник помеѓу Белата куќа и Кремљ.

Сигал е вистинскиот човек „да ги повлече од работ“ односите помеѓу Русија и САД, рекол Путин според тврдењата на четворицата сегашни и поранешни функционери на Америка. Ова можеби и не треба да не чуди, бидејќи Сигал добро ја познава Русија. Неговата баба е со потекло од Владивосток, а добар пријател е и со шефот на Кремљ. Обама бил и повеќе од шокиран од овој предлог.

– Нашата реакција беше во стилот – Мора да се шегуваш! – рекол американскиот функционер кој присуствувал на состаноког.
Сепак, како што истакнува, и САД имале свој „бисер“. Имено, кога долгогодишен амбасадор на САД во Москва Мајкл Мефаул требало да си замине од тоа место, поединци лобирале на тоа место да дојде – Арнолд Шварценегер! Холивудската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија можел да биде добар избор за амбасадор во Москва, тврдат поединци.

– Тешко дека би можеле да заплашите некој како што е Шварценегер – бил еден од аргументите на некогашниот разузнавачки офицер во САД. Секако, идејата сепак не се реализирала.

Стивен Сигал е мајстор по аикидо и носител на црн појас седми ден. Тој е првиот странец кој во Јапонија отворил сопствено училиште по аикидо. Течно зборува јапонски јазик.

Сигал во неколку наврати се сретнал со Путин. Низ меидумите тврди дека со него се зближил бидејќи и двајцата ги сакаат боречките вештини, а го поздравил и руското присоединување на Крим.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1