Деновиве се снимаше спотот на Тијана Дапчевиќ за песната „To The Sky“ со која таа ќе не претставува на Евросонгот во Копенхаген.
Спотот со многу провокативни сцени, и во садо – мазо стил се снимаше три дена во студиото ХХО во Скопје.
Се користеле осум различни сценографии, а во него учествуваат повеќе од триесет спортисти, танчари и машки модели.
Во видеото има интересни сцени, а највозбудлива е онаа со кадата во која Тијана лежи гола.
Комплетен автор и режисер е Мерт Аслани, кој е многу задоволен од соработката со Тијана.