За да купуваме вештачки – Фармацевтите го убедуваат светот дека храната повеќе нема витамини


Ако не страдате од сериозен недостаток на витамини и минерали, постои сосема добра шанса дека и од мултивитамините кои ги пиете немате никаква корист.

vitamin supplementsВитаминските додатоци не само што немаат ефект, туку можат и да донесат некои несакани ефекти. Така тврди Едгар Милер, професор по епидемиологија на американскиот универзитет Џонс Хопкинс, а е поддржан и од страна на панел на негови колеги доктори кои своите тврдења ги објавиле во Annals of Internal Medicine.

Некои поборници на мултивитамините и додатоците во исхраната тврдат дека модернат исхрана за повеќето луѓе нутриционистички е во дефицит, но не постојат никакви докази за да го подджат тоа. По анализите на 27 долгорочни клинички студии, во кои биле вклучени 450.000 возрасни луѓе, утврдено е дека многу мал дел од луѓето имале сериозни недостатоци и чувствувале придобивки од суплементите. Повеќето луѓе кои биле вклучени во истражувањето можеле да ги задоволат сите свои прехрамбени потреби преку својата редовна исхрана.

Иако често се наметнува идејата дека мултивитамините можат да излекуваат болест и да го намалат ширењето на ракот, не постојат речиси никакви докази кои можат да го поддржат ова.

vitaminite-300x199

Иако се спроведени различни клинички испитувања (во траење од 10 години) за мултивитамините и додатоците во исхраната не се докажало дека нивната употреба има позитивен ефект врз срцевите болести, болестите на белите дробови, меморијата, ракот и мозочниот удар, одностно не покажале дека се ништо поефикасни од плацебо терапијата. Всушност, некои студии дури укажале на негативни ефекти со користење на ваквите додатоци, вклучувајќи и малку повисока појава на рак и предвремена смрт.

Покрај тоа, неодамна е откриено дека голем број на суплементите не содржат она што е наведено. Многу хербални суплементи всушност содржат замени како што се пченица и ориз, заедно со многу други растенија кои не се наведени на етикетата. Состојките кои стојат на сликата или насловот на производот се наоѓаат во многу мали количини отколку што би се очекувало, додека во некои производи недостасуваат во целост.

Добро урамнотежена исхрана е сосема доволна да ги задоволи сите хранливи потреби. Што се однесува на мерењето на витамини и минерали во склоп на промоција на нивната продажба, имајте на ум дека целта на ваквите акции е да ви продадат синтетички производи. Секогаш е подобро да се надокнади недостатокот со подобра исхрана, бидејќи витамините и минералите од храната дејствуваат во синергија со различни состојки кои се наоѓаат во храната и поефикасно помагаат на телото од синтетичките производи кои се целосно изолирани.

Fakulteti.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1