ФОТО: Родила шесторка, па потоа и петорка!


petorkata

Неверојатна приказна за жена која родила шесторка, па по неколку години и петорка е темата за која пишуваат странските медиуми.

Наима ал-Баташ од Газа има само 21 година, а веќе е мајка на 11 деца!

Таа и нејзиниот сопруг Рад велат дека се горди што Господ ги дарувал со многудетно семејство, додавајќи дека иако им е напорно, за ништо на светот не би се откажале од децата.

-Ќе го надојам едното бебе и ќе го легнам да спие, а потоа го дојам второто. Ќе го легнам и него да спие, па доаѓа на ред и третото.

3petorkata

Кога ќе го надојам петтото, првото веќе се разбудило и почнувам се од почеток, вели Наима.

Тринаесет членото семејство едвај врзува крај со крај, затоа што имаат многу мала помош од државата, но 25-годишниот Рад на секој можен начин се труди да ги финансира потребите на неговите деца.

Наима вели дека децата се дар од Господ и дека кога тој решил да ја благослови со 11 дечиња, таа со радост ќе ги прифати и ќе се грижи за нив.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1