Саудискиот крал Абдулах бин Абдулазиз ал Сауд планира да крене “Берлински ѕид” кон Ирак, каде што џихадистите на ИСИС минатата година два пати ги нападнале неговите војници. Ограда од жица и ровови, со стражарски кули, долга околу 1.000 километри, би требало да го заштити кралството богато со нафта.
Оградата од жица и ровови, со стражарски кули, би требало да го заштитат кралството богато со нафта од џихадистите на Исламската држава.
Повеќе-слојната бариера ќе се простира од саудиските граници од Јордан до Кувајт, а во нејзиниот состав ќе има 78 контролни кули, осум командни центри, 10 возила за надзор и 32 центри за брза реакција во критични ситуации. Бариерата ќе се состои од ровови, две огради и патролен пат, кој ќе ги поврзува стражарските кули и командните центри. На оградите ќе бидат поставени софистицирани камери и радари, кои ќе можат да откријат човек на оддалеченост од речиси 20 километри, а возило на 40 километри.
ИСИС ја смета Саудиска Арабија за предавник на исламот, затоа што е поврзана со Западот, поради што таа терористичка организација ги повикала “осамените волци” да ја напаѓаат саудиската погранична полиција, шиитските малцинства и странците. Ширењето на ИСИС би можело да означи крај на саудискиот режим, кој џихадистите го сметаат за корумпиран.
Главната цел на ИСИС е да ја заземе Саудиска Арабија, местото на раѓање на исламот и домот на две свети места – Мека и Медина.