На социјалната мрежа на Фејсбук формирана е нова фан страница по име Џихадистите од Кондово, а на насловна поставена е слика од три млади маскирани момчиња.
Страната е формирана пред два дена, а до сега брои 57 лајка, пишува Курир.
Иако џихадистите низ светот добро се грижат да ги сокријат трагите каде се и кои им се лицата, на тројцата креатори на оваа фејсбук страна може многу лесно да им се влезе во траг. Кога ќе се помине преку нивната заедничка фотографија каде се со ножеви или маскирани веднаш се појавуваат фејсбук профилите со вистинските имиња и со ликот на џихадистите од Кондово.