ФОТО: Се руши објектот на Леку во Струга


struga_leku

Денес во Струга се руши објектот „Блу Скај“ сопственост на струшкиот бос Дилавер Бојку Леку, јави А1ОН.

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села им даде рок до 30 јуни на сопствениците на угостителски објекти сами да ги отстранат монтажните објекти и објектите од цврста граба покрај кејот, доколку не општината со специјализирана фирма која беше избрана на тендер тоа ќе го направи.

Стружани ја поздравија акцијата на општината и решеноста на градските власти да стават ред со урбаниот хаос во Струга.

Инаку Леку во изминатите неколку години покрај кејот на Црн Дрим изгради ресторан при што целосно беше узурпиран дел од кејот.

Фото: А1ОН

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1