Дваесет и осумгодишната Кaтрона Вајт, поранешна девојка на актерот Џим Кери, пронајдена е мртва во својата куќа во Лос Анџелес. Американските медиуми пишуваат дека се работи за самоубиство, откако по втор пат раскинала со славниот актер.
Ирската убавица ја пронашле пријателите, а кога виделе дека е без свест, веднаш повикале полиција. Пред неколку дена, по раскинувањето со Џим, се огласила последен пат на Твитер и порачала дека го брише својот профил.
Кет и Џим се запознале 2012 година, излегувале некое време, а потоа раскинале. Се смириле оваа година, но повторно раскинале .
„Се исклучувам од Твитер. Се надевам дека бев светлина во животите на своите најблиски“, напишала во последната порака на својот Твитер профил со што ја најавила својата смрт.
Според досегашните наводи се верува дека Катриона умрела од предозирање со дрога. Полицијата соопштила дека станува збор за самоубиство.
Како што се наведува, оставила проштална порака до Кери: „Глупав и поглупав“.