ВИДЕО: Војник спасил „киднапирана“ девојка, не сфатил дека се снима филм!


Дефинитивно овој војник од Москва заслужува титула „херој на денот“, но девојката која јa „спасил од киднапирање“, за жал, е актерка, токму како и „напаѓачот“ кој така храбро го совладал, е нејзин колега.film500

Имено, храбриот војник не сфатил дека се наоѓа на филмски сет, па кога забележал дама во невоља, на која маж и вперил пиштол во слепоочницата, незабележително му пришол на „насилникот“ зад грб и потоа го соборил на подот.

За среќа, на војникот веднаш му објасниле што, всушност, тука се случува, дека тој го „нокаутирал“ актерот Павел Приључни, а снимката од тој несекојдневен инцидент веднаш стана хит на руските социјални мрежи.

Храбриот војник поради својот брз потег добил стотитици комплименти, бидејќи не се двоумел да го ризикува својот живот и да помогне, а вреди да се спомене и тоа дека руските портали негираат дека сцената била наместена во прилог на рана и вирална промоција на филмот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1