Фудбалер на Јувентус пијан и со своето Ферари се забил во автобуска станица (Фото)


Фудбалерот на Јувентус Мартин Касерес доживеал сообраќајна несреќа во која за среќа поминал без посериозни повреди.kaseres-soobrakajka-500

Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на „Старата дама“ возел во алкохолизирана состојба, па откако ја загубил контролата врз автомобилот се забил во автобуска постојка.

Според медиумите во Италија, Касерес ќе остане без својата возачка дозвола поради управување со моторно возило под дејство на алкохол.

Ова не е прв ваков инцидент на овој фудбалер. Минатата година тој со неговиот Порше Каен се заби во влезот од метро станица.kaseres-500 kaseres2-500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1