Игор потпишал предбрачен договор – еве што бара Северина од него


Игор Којиќ пред да стапи во брак со Северина потпишал предбрачен договор. Тој законски се обврзал дека нема да бара никаква материјална корист од познатата пејачка во случај на развод.

Српските медиуми пишуваат дека балканската поп дива, која во петокот го кажа судбоносното „Да“ побарала од својот сопруг да потпише предбрачен договор.Severina500

Со ова, таа сакала да осигура дека тој во случај на развод нема да бара никаква имотна корист од неа, ниту дека во текот на бракот тој на било кој начин ќе може да влијае врз нејзината кариера.

– Договорот беше составен од страна на адвокатот на Северина, а Игор без никакво противење го потпиша. Во документот стои дека, без разлика на тоа што се во брак, само таа ќе одлучува за нештата поврзани со нејзината кариера, но и дека во случај на развод Игор нема право да бара никаква имотна или материјална корист. Пејачката го направила ова за да се заштити од евентуалното провлекување низ судници доколку дојде до распад на бракот, открива извор близок до двојката.

Српски „Курир“ повикувајќи се на сопствени информации пишува дека договорот е заверен во судот во Загреб и дека веќе е валиден, а дека идентичен таков ќе потпишат и во Белград пред склопувањето граѓански брак.

Инаку, Северина во петокот на Истра го кажа судбоносното „Да“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1