Фото: Се запали патнички авион во Лас Вегас, 14 повредени


Четиринаесет лица се полесно повредени кога пожар избувна во авион на компанијата „Бритиш Ервејс“ на аеродромот во американскиот град Лас Вегас.avion1-630x431

Како што јавија американските медиуми, пожарот избувнал во време кога авионот се наоѓал на пистата и се подготвувал за полетување.

Во време на инцидентот во леталото имало 159 патници и 13 членови на екипажот. Авионот од типот „Боинг 777“ требало да полета на релација Лас Вегас – Лондон.

Според првичните резултати од истрагата, пожарот настанал поради самозапалување на еден од моторите на авионот.avion2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1