Попладневно горел автомобил на булеварот Илинден во центарот Скопје, пред пензионерскиот дом „Карпош“.
Според првичните информации станува збор за „рено меган“. Од противпожарната единица потврдија дека пожарот е локализиран и спречена поголема несреќа. Командираот Благоја Менковски истакна дека на терен биле две возила, а пожарот бил пријавен пред околу половина час.
Повредени нема, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека полицискиот увид е во тек.
Фото: Нетпрес