Сурогат мајчинство во Македонија – жените ќе бидат инкубатори и ќе добиваат пари за тоа


Министерството за здравство предложи концепт за озаконување на сурогат-мајчинството, односно државјанка на Македонија да може да биде само „инкубатор“ на ембрион од донатори, без никакво родителско право по раѓањето на детето.

bremena bebeНа денешната прва јавна дебата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје за тоа дали воопшто треба да се воведе овој концепт и за насоките како би можел да функционира, беше предложено сурогат мајка да може да биде жена која е психофичички здрава и е постара од 21 година. Таа треба да помине психолошко и правно советување пред да се одлучи на таков чекор. Советувањето би го правеле комисии составени од лица кои имаат поминато психолошки тест и тест за интергритет, а треба да имаат и 10 годишно работно искуство.

Според првичниот концепт, предвидено е забрана за рекламирање и за регрутирање сурогат мајки, а посочени се и затворски казни и до 10 години за оние кои нема да ги почитуваат одредбите од законот.

Подносител за сурогат мајчинство може да бидат само маж и жена кои се во брак и се државјани на земјава. И тие треба да поминат период на психолошко и правно советување.

Како мајка на детето се запишува жената која има поднесено барање за сурогат-мајчинство. Во случај на смрт на двајцата подносители на барањето, сурогат-мајката ќе има право да се запише како мајка. Една жена ќе може да биде сурогат мајка само еднаш.

matka porogjaj bremenost

Се предвидува Фондот за здравство на сурогат-мајката месечно да ѝ исплаќа финансиска надомест во височина од  една просечна плата во земјава, која би ја користела за правилна исхрана, лекови, прегледи и слично. За примање парична надокнада и од семејството и еден вид изнудување предвидени се строги санкции.

Тодоров посочи дека според истражувањата, голем број брачни парови се заинтересирани за сурогатството. Најчесто причини за тоа e вродена или стекната аномалија на матката, како оштетувања на репродуктивните органи на жената поради хируршка интервенција или лекарска грешка. Исто така, доколку паровите имаат три неуспешни обиди на ин витро, ќе можат да побараат сурогат мајка.

На дебатата се предложи да се разгледа и можноста наместо само жена која не е во брак и е постара од 21 година, сурогат мајка да може да биде и жена која што е во брак.  Беше предложено и  финансиската помош да не завршува веднаш откако сурогат-мајката ќе се породи, туку да се продолжи барем уште два месеци. Беше напоменато дека треба да се одреди како ќе се штити идентитетот на сурогат мајката  и да се одреди нејзината масимална возрасна граница.

Плус Инфо

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1